Скачать презентацию
Идет загрузка презентации. Пожалуйста, подождите
Презентация была опубликована 10 лет назад пользователемguestf16750
2 Употребата на ИКТ во наставниот процес на средните училишта Радмила Живановиќ Скопје, 2010 Магистерски труд
3 ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ 1. Трансформација на општествени барања (постиндустриско општество, комодифицирано општество, брзи промени, наплив на слабо организирани информации, колективизација на знаење) 2. Потреба за нови вештини - вештини на 21ви век (тимска работа, критичко мислење, флексибилност, применливост, технолошка и дигитална писменост, граѓанска свесност, конфликт менаџмент) 3. Трансформација на стратегии на учење (проектно учење, конструктивизам, учење според барање, имплементација на научено, колаборативно учење, ученик-насочена настава, и сл) 4. Трансформација на улоги на ученик и наставник (наставник како фасилитатор и ментор во учењето, ученикот како активен учесник и продуцент на сопственото знаење)
4 УЛОГА НА ИКТ ВО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕ 80тите години = компјутери во образование, тренинг и пракса Крај на 80ти = информациска технологија во образование, Компјутерски-асистирана инструкција 90ти години = Информациско-Комуникациска Технологија (ИКТ), ИКТ како колаборативни и комуникациски алатки
5 ИКТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ- глобален контекст Анализа на национални и интернационални истражувања: 1.Impact2-The Impact of Information and Communication Technologies on Pupil Learning and Attainment, , Англија 2.Pilot- Project Innovation in Learning, Organization and Technology, ACOT-Apple Classroom of Tomorrow SITES-Second Information on Technology in Education Study 2006, интернационална студија на IEA, 22 земји 5.Истражување Е-учење во Нордиските земји, Референтната студија за состојбата на употребата на ИКТ во европските училишта 2006, (25 земји на ЕУ + Норвешка и Исланд)
6 ИКТ ВО ОБРАЗОВАНИЕ- локален контекст Анализа на национална образовна политика: 1.Националната програма за развој на образованието Нацрт програма за развој на ИКТ во образование ( ) 3.Националната стратегија за развој на информатичкото општество Анализа на национални и интернационални програми и иницијативи: 1.Пекснас ( ) 2.Е-Школо ( ) ( 3.Македонија се поврзува ( ) 4.Модернизација на образованието ( ) 5.Компјутер за секое дете ( ) 6.Конференција Е-Општество, 2008
7 Теренско истражување: Употреба на ИКТ во наставата од страна на ученици и наставници од средните училишта во Р. Македонија Предмет на истражување: Приказ на употребата на Информациско-Комуникациските технологии (ИКТ) во наставниот процес во средните училишта на Р. Македонија. Техники на истражување: Прашалник дизајниран за потребите на истражувањето. Изготвување на две верзии Примерок на истражување: Два пригодни примерока Примерок Наставници: 93 испитаници Примерок Ученици: 73 испитаници Временски период: 20 мај до 20 јуни 2009
8 Демографски карактеристики на примероците Карактеристики на примерокот Ученици: Карактеристики на примерокот Наставници:
9 Лична употреба на ИКТ од страна на Ученици и Наставници: - Кај наставниците и учениците употребата на компјутер се поистоветува со употребата на интернет. -Кај ученици и наставници лична употреба на ИКТ се остварува првенствено во домашни услови и потоа и во училиште (доместификација на ИКТ); - Учениците и наставници ги користат ИКТ речиси секој ден; -Најчеста причина за личната употреба на компјутерот од учениците е интернетот. Покрај тоа, наставниците го користат компјутерот почесто за работа а учениците за забава; -Најмногу наставници започнале да го користат интернетот пред повеќе од три години. Учениците бележат различен почеток, а најголем број од нив започнале да го користат пред 1 година; -Учениците поседуваат повеќе од една е-меил адреса, додека наставници претежно една е-маил адреса;
10 Употреба на ИКТ во настава: - Наставниците во 94,6% посетиле обука и во најголем процент се изјасниле за обуката Едубунту (Компјутер за секое дете). -Постои висок процент на пристап до ИКТ во училиштето од страна на учениците (86,3%) и наставниците (93,5%). Учениците најчесто пристапуваат во училницата а потоа во компјутерска лабараторија, додека наставниците пристапуваат во училница, компјутерска лабараторија и во наставничка канцеларија; -Поголемо користење на ИКТ од страна на наставниците за планирање на наставата постои на седмично ниво отколку на дневно ниво; -Поголемо користење на ИКТ од страна на учениците за исполнување на наставните задачи постои на седмично ниво отколку на дневно ниво; -Постои голем процент на Наставници (околу 50 %) кои се изјасниле дека воопшто не го користат ИКТ во тек на настава за разлика на помалиот процент од учениците (околу 30%);
11 Употреба на компјутерски и интернет програми во настава:
12 Практикување на интернет активности:
13 Причини за користење на ИКТ во настава: - Наставниците и Учениците го користат интернетот најчесто за дополнување и проверка на информации поврзани со наставниот материјал а во најмал процент за онлајн дискусија со другите ученици. -ИКТ во однос на типот на наставата се користи најчесто во индивидуалната настава а многу помалку во групната настава. Фронталната настава, од страна на наставниците сеуште се перципира како доминантен начин на настава. -Проектната настава е избрана за најзастапен тип на компјутеризирана настава. Поради тоа учениците и наставниците најмногу ја користат проектната задача при употреба на ИКТ во настава додека најмалку застапена е онлајн дискусијата. - Ученичката активност во тек на настава при употреба на ИКТ сеуште се набљудува со индивидуален пристап или завршена задача. -За потребите на наставата,наставниците најчесто комуницираат преку е- маил, додека учениците најмногу користат инстант комуникација и е-маил.
14 Техничка поддршка и ресурси при употреба ИКТ во настава: - Наставниците и Учениците во најголем процент не знаат или сметаат дека не постои техничка поддршка за реализација на компјутеризираната настава. -Наставниците и Учениците не знаат за постоење на веб сајт, и доколку тој постои не го користат како значаен веб ресурс во наставата. -Наставниците и Учениците не знаат или сметаат дека не постојат електронски портфолија на учениците. -Наставниците и Учениците не знаат или бележат мало присуство на друга опрема при реализација на наставата.
15 Мислења на наставниците и учениците во однос на употреба на компјутер и интернет во наставата : - Компјутерот е корисна алатка која многу придонесува и која повремено треба да се вклучува во наставата -Интернетот е соодветен извор на информации кој ми помага да ја организирам наставата/реализирам наставните задачи и нуди можност за комуникација со учениците и после наставата -Н:Наставникот треба да им овозможи на учениците да обработат и презентираат дел од наставниот материјал У: Наставникот е единствениот способен да го обработи и пренесе наставниот материјал -Наставниците многу послабо ги владеат ИКТ од учениците и им е потребна континуирана обука -Учениците ги владеат ИКТ но не ја знаат соодветната намена во наставата
16 П ричините за недоволно користење на ИКТ во настава:
17 МОИТЕ УВИДИ Во однос на национална образовна политика и стратегија: -Голем степен на инфраструктурна опременост и спроведени обуки наспроти слабата употреба на ИКТ во образование; -Не постојат препознатливи критериуми за евалуација на степенот и квалитетот на компјутеризација и дигитализација на образование; -Неповрзани национални програми и иницијативи; -Непостоење на трансфер на искуство и искористување на претходно обучен наставен кадар во спроведување на реформите; -Декларативно ниво на постоење на национална визија за современо и дигитализирано образование; -Наметната наспроти партиципативна национална стратегија; -Неинволвираност на директните учесници во планирање, осмислување и реализација на наставата.
18 Во однос на конкретна употреба на ИКТ од страна на наставници и ученици: -Наставници и Ученици манифестираат солидна лична употреба на ИКТ и повисок степен на интеграција на ИКТ во личниот наспроти училишниот контекст. -Учениците побрзо се адаптираат на технолошките барања и посестрано ги искористуваат -Учениците гледаат на ИКТ како на дел од сопствениот животен стил, додека наставниците гледаат на ИКТ како дел од нивното стручно образование. -Разликата помеѓу Наставници-Ученици во однос на употреба на ИКТ посоодветно би се лоцирала доколку се воочува низ односот на лична наспроти училишна употреба отколку во однос на генерациски јаз и искуство. -Прашање на пристап и функционалност на ИКТ во настава подоминантно од прашањето на ефективна употреба на ИКТ во настава. -Најчестата употреба на ИКТ сеуште се манифестира во рамките на традиционалниот модел на настава. -Наставникот е сеуште доминантна фигура во процесот на настава и сноси најголема одговорност во однос на употребата на ИКТ во наставата.
19 Благодарам на внимание!
Еще похожие презентации в нашем архиве:
© 2024 MyShared Inc.
All rights reserved.