Скачать презентацию
Идет загрузка презентации. Пожалуйста, подождите
Презентация была опубликована 10 лет назад пользователемAndrijana
2 Улогата на граѓанскиот сектор во решавање на проблеми на локално ниво (Општина Радовиш -12 септ та год.) м-р. Андријана Богдановска Ѓуровиќ
3 Цели на денешната презентација 1. Механизми за учество на граѓаните во локалното одлучување. 2. Рамка на граѓанската партиципација и рамка на комуникација и соработка (граѓанскиот сектор и локалната власт).
4 Македонија-денес Не постои традиција на учество на граѓаните в о локалната власт, но и на локално ниво - сега ја создаваме на вистинскиот начин; Релативно нова законска рамка која обезбедува добар но општ модел за вклучување на граѓаните во локалната власт; Локална администрација и советници кои сеуште не се доволно блиски до граѓаните, во некои случаи перципирајќи ги како закана за својата позиција и авторитет.
5 Каде се тука граѓаните? Не само да го дадт својот глас на денот на изборите, а потоа да жалат за направениот избор зошто ништо не оди на подоборо, туку и да застанат во одбрана на своит интереси преку проактивно учество во многу иницијативи на локално и национално ниво. Невладиниот сектор кои постои треба да биде двигател на овие проецеси. Разлика помеѓу учество во одлучувањето во локалната власт и учество на граѓаните на локално ниво.
6 Никогаш не се сомневај дека мала група на совесни, посветени граѓани може да го смени светот – во суштина тоа е единственото нешто кое навистина и го менувало. Margaret Mead
7 Во секое декократско општество, демократијата изразена преку избраните претставници на народот, мора да биде надополнета со механизми коишто обезбедуваат учество на граѓаните во натамошното одлучување со цел да се овозможи: Избраните подобро да ги запознаат потребите и приоритетите на оние коичто ги избрале; Создавање на чувство на сопственост кај граѓаните за сервисите на власта изразено преку зголемување на довербата, создавање на партнерства и ангажирање на граѓаните во процесот на одлучување на локално и национално ниво.
8 Механизми за учество на граѓаните Најважни моменти: Закон за локална самоуправа -Член од законот го дефинира правото на учество на граѓаните во локалното одлучување при што се дефинирани следните форми на учество: - Референдум; - Собири; - Иницијатива. - Претставки и предлози -Законот исто така ја нагласува потребата од јавност во работењето на општината (советот и градоначалникот – посебно во делот на финансиите и урбано планирање) како и потребата за адекватно информирање на граѓаните (пасивна партиципација).
9 Собир на граѓани може да свика Градоначалникот или на барање на 10% од граѓаните избирачи во општината или месната заедница. Органите се должни да ги рагледаат заклучоците од собирот, да ги земат во предвид при донесувањето на мерки и да ги инфомираат граѓаните за тоа во рок од 90 дена. Механизми за учество на граѓаните
10 Граѓаните преку референдум можат да одлучат за многу прашања кои се во надлежност на општината, како и други прашања од локално значење. Соверот распишува референдум доколку истиот е поддржан од: Најмалку од 20% од избирачите во општината; или По иницијатива на Советот. Механизми за учество на граѓаните
11 Секој граѓанин поединечно како и граѓаните како група можат да поднесат претставки или предлог за работата на општината до Градоначалникот на Општината. Градоначалникот е должен да: –Создаде услови за поднесување на претставки и предлози; –Да одговори на истите во рок од 60 дена од примањето. Механизми за учество на граѓаните
12 Како локалната власт да ги отвори вратите? Модели на краток пат; Модели на долг пат. Примери на алатки: Весник на општината (за информирање на граѓаните), Натпревари помеѓу групи на граѓани (ако мотивираат граѓаните) или Oпшти анкети на јавното мислење (ако е потребно да се дознае повеќе за мислењето на граѓаните за градските служби и услуги).
13 Рамка на Учество Информирање Фидбак од граѓаните Заедничко планирање Контрола врз процесот. Пасивно учество на поголем број на учесници во процесот. Активно учество на помал број учесници во процесот.
14 ....Верувам во идејата за поголемо учество на граѓаните во локалната власт... Но, како тоа да го реалзирам во пракса?!!...или... Како да го обезбедам потребниот % од гласачкото тело кое ќе ја поддржи мојата идеја за иницијатива, собир, референдум? Како да обезбедам поддрчка за мојата идеја од советот или од градоначалникот? Како да го реализирам тоа што сакам да го направам?
15 Како да закажете и водите средба со граѓани а таа да не заврши катастрофално? Кога да спроведете само анкета, а кога целосно да ги вклучите граѓаните во изградба на иднината која заеднички би сакале да ја видите? Како да комуницирате и убедувате советници кои само зборуваат за учество на граѓаните, кои само зборуваат за учество на граѓаните, но се премногу чуствителни и на самата помисла на загубата на својот статус или позиција?
16 Рамка на Учество Чекор 1: Ниво на учество - Каде стојам или кој е мојот интерес? Чекор 2:Ниво на потреба од генерирање на поддршка од други заинтересирани страни. Чекор 3: Контактирање и барање на поддршка од сите заинтересирани страни. Кои се тие? Кои се нивните карактеристики? Која е користа од нивното учество?
17 Лесно е да се скрши еден стап, но тешко е да се скршат во исто време повеќе стапа.
18 Учеството најдобро функционира кога сите заинтересирани страни се задоволни од процентот на учество кое го имаат. Едноставно, на некои прашања, одредени страни ќе бидат задоволни само со информација додека за други прашања за кои имаат поголем интерес и сносат повисок ризик ќе сакаат да имаат поголемо учество. Рамка на Учество
19 Рамка на комуникација и соработка Чекор 3: Пристапување и информирање на сите заинтересирани страни. Чекор 4: Консултација и разгледување на проблемот, причините и ефектите; Чекор 5: Заедничка одлука - Решение; Чекор 6: Договор за Заедничка Акција. РЕЗУЛТАТ - СТРАТЕШКИ AKCIONEN PLAN!
20 МОДЕЛ 1.Ниво на учество 2.Ниво на потреба на генерирање поддршка од други заинтересирани страни. 3.Контактирање, информирање и барање на поддршка од сите заинтересирани страни. 1.Информирање; 2.Консултација; 3.Заедничка одлука; 4.Договор за заедничка акција. АКЦИОНЕН ПЛАН
21 Акционен план -пример АКТИВНОСТОРГАНИЗАЦИЈА ВРЕМЕНСКА РАМКАРЕСУРСИ МЕРЕЊЕ НА УСПЕХОТ ОПШТИНА:ДАТА: ВКЛУЧЕНИ ОРГАНИЗАЦИИ: ЦЕЛ:
22 Работа во Групи
23 Секогаш има време за да се поправи тоа што еднаш е згрешено. Susan Griffin
Еще похожие презентации в нашем архиве:
© 2024 MyShared Inc.
All rights reserved.