Истражување за мрежите, коалициите и чадорските организации во РМ Истражување за мрежите, коалициите и чадорските организации во РМ општи трендови Презентација за обука за вмрежување Автор: Наташа Габер-Дамјановска
Методолошки пристап Истражувањето го спроведе Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во првиот квартал од 2007 година преку анкетен прашалник со граѓански организации. Во примерокот се опфатени 88 организации кои членуваат или членувале во различни видови сојузи и кои прифатиле да го дадат својот придонес во опишувањето на состојбите при пополнувањето на анкетниот прашалник.
Членство во сојузи Членувањето се базира на поцврсти или поформални односи во над половината од организациите, додека коалицирањето според афинитет или интерес е второстепена преференција.
Вид на здружување Секоја втора организација навела дека здружувањето било според заедничка целна група 1/3 се здружувала според заедничкото поле на делување
Структура на сојузите 2/3 тежнеат нивното здружување да го формализираат преку регистрирање правно лице секој втор сојуз делува на национално ниво приближно еднаков број на сојузи во своето членство вклучуваат и не вклучуваат организации (правни лица) и индивидуални членови (физички лица)
Структура на сојузите доминантен дел (околу 80%) од организациите кои навеле дека членуваат барем во еден сојуз, имаат назначено секретаријат или извршна канцеларија 2/3 од овие канцеларии се наоѓаат во Скопје лидерството во секој втор сојуз е ротирачко, додека секој петти сојуз се раководи постојано од една членка
Структура на сојузите доминантен дел (или 80%) од секретарија- тите имаат работно ангажирани лица секој петти сојуз се изјаснил дека е генерално задоволен од работењето на сојузите, но голем дел од останатите анкетирани е резервиран или е негативно настроен претежно, се смета дека луѓето кои членуваат во раководните тела на сојузот, имаат соодветни вештини
Структура на сојузите значителен дел од првонаведените сојузи (околу 80 %) имаат подготвено пишана програма за работа изворите на финансирање на сојузите се разнородни, но нешто поизразени се странските (странски донатори) буџетот на сојузот е често тајна, но сепак има и такви организации (секоја десетта) чиј буџет се знае дека е над милион денари главно, досегашните буџети се сметаат како соодветни на потребите
Вредности на сојузот кај скоро ¾ од сојузите постои заеднички (општ) правилник за однесување (или друга форма на поставена саморегулација) или етички кодекс најголемиот дел од работата (функционирањето) на сојузите се одвива врз база на прифатени (изгласани) документи (статути, правилници и сл.) и имаат изградено критериуми за членство
Вредности на сојузот во над ½ од случаите критериумите за избор на членови во раководните тела на сојузите, како и изборот на раководители и лидери се почитуваат секој втор анкетиран смета дека членките во сојузите имаат значително влијание при донесувањето на одлуки 40 % од сојузите подготвуваат и наративен и финансиски годишен извештај за нивното работење, но во подготовката на извештаите за 2005 г. биле малку помалку ревносни
Слаби и јаки страни на сојузот Негативни искуства од здружувањето во сојуз/и: нееднаквото споделување на обврските- 18%, односно нееднаков третман кон членките (доминација на една или неколку)- 13% Слабости на сојузот: довербата меѓу членките, градењето на капацитетите и проблемот со комуникацијата
Слаби и јаки страни на сојузот Тоа што ги разликува ГО кои се поврзани во сојузи и оние кои не вмрежени, според одговорите, е зголемената свест за заедничките интереси/ проблеми. Вештини со кои се здобиле анкетираните, работејќи во сојузот се научив како да лобирам, научив да планирам стратешки, научив да планирам и да раководам проекти, научив подобро да ја поставам/ раководам организацијата и научив да си ги поставувам правилно приоритетите.
Влијание на сојузите Поголемиот број испитаници смета дека сојузите активно влијаат врз креирањето на јавната политика Во долгата листа на наведени примери се: лобирање за донесување одредени закони или нивно менување, потоа организирање на различни едукативни кампањи, кампањи за меѓуетничка толеранција, семинари, учество во подготвување на одредени документи (Стратегии, акциски планови и сл.)
Влијание на сојузите Анкетираните лица, генерално позитивно ја доживуваат улогата на својот сојуз, во влијанието на донесувањето одлуки во сферата на јавната политика во областа во која делува. Негативната перцепција за придонесот на сојузот се регистрира кај релативно незначителен процент анкетирани.