Докторските студии -трет циклус во високото образование на РМ Проф. Д-р Марика Башеска – Ѓорѓиеска УКЛО, Економски факултет-Прилеп
Osnovnata cel na ovoj proekt бешe da se razvie procedura, metodologija i izgotvi dokumentacija za sistemot na doktorski studii vo oblasta na op{testvenite nauki vo Makedonija, vo soglasnost so Bolowskata deklaracija i nacionalnata zakonska regulativa povrzana so visokoto obrazovanie.
Берлин, 2003 година, (Berlin Communiqué) за прв пат се додаваат докторските студии како трет циклус на студии во високото образование. се потенцира значењето на врската помеѓу третиот циклус на образование и истражувањето како прва фаза во кариерата на младите истражувачи, односно врската помеѓу Европското високо образование (EHEA) и областа на истражување (ERA). Берген, мај 2005 (Bergen Communiqué) Докторските студии во рамките на болоњскиот процес:
ЕAU му дава главен приоритет на докторатот Преку проектот Докторските програми за Европското општество на знаење (European Knowledge Society) го отвора дијалогот меѓу универзитетите и министерствата за образование за реформи на докторските програми. во 2005 година во Салцбург одржан Болоња семинар и усогласени и донесени десет основни принципи на идниот развој на докторските програми.
Лондонска конференција на министрите за високо образование во 2007 ЕАУ изготвува Извештај за идниот развој на докторските програми и основните принципи на нивно функционирање уште еднаш се потврдува дека докторските програми претставуваат трет циклус на образование и во исто време претставуваат прва фаза во кариерата на младите истражувачи. во Извештајот се нагласува дека клучна компонента на третиот циклус е напредокот во знаењето постигнат преку оригинално истражување што го прави третиот циклус единствен и различен од првиот и вториот. Заради тоа, фазата на обука во рамките на докторските студии го сочинува главниот линк меѓу областите на високо образование и истражувањето.
Проектот DOCSTUD имајќи ги предвид: сознанијата за начинот на организирање и функционирање на системите во земјите партнери во проектот, условите на функционирање на првите два циклуси на образование во МК, како и целокупното окружување, конзорциумот на проектот осмисли еден систем (модел) на докторски студии
ПОЈДОВНИ ОСНОВИ НА МОДЕЛОТ Болоњската декларација и сите релевантни документи поврзани со неа Искуствата од повеќе универзитети од ЕУ а особено на партнерските институции во овој проект. Законската рамка за организацијата на високото образование во Р. Македонија а во тој контекст особено за докторските студии. Реалните состојби и процеси во високото образование во Р. Македонија и начинот и динамиката на неговата трансформација соглсно со Болоњска декларација и европските високобразовни стандарди.
Правна рамка за остварување на докторски студии Според ЗВО на МК: трет циклус на универзитетски студии се докторските студии кои траат по правило, три години и носат 180 ЕКТС. на докторски студии можат да се запишат кандидати по завршувањето на вториот циклус на академски студии. Универзитетот со општ акт го уредува стекнувањето на ЕКТС кредитите на докторските студии и ги пропишува ЕКТС кредитите потребни за пријава на докторски труд.
Докторските студии се завршуваат со полагање на сите испити, изработка и одбрана на докторски труд (дисертација). Со јавната одбрана на докторскиот труд се стекнува научен назив доктор на наука (dr.sc)
1. Услови за пријавување и запишување на кандидатите на студиска програма на докторски студии Кандидатите се пријавуваат врз основа на објавен Конкурс. Во конкурсот прецизно се дефинирани условите и критериумите за пријавување и запишување на докторските студии. на предлог на ННС на Единицата на универзитетот, Ректорската управа на универзитетот ги определува: Условите за пријавување и запишување, бројот на кандидатите, износот на сумата што ја плаќаат кандидатите Конкурсот за запишување се објавува најдоцна 5 месеци пред почетокот на докторските студии.
Услови за пријавување на докторски студии : кандидатите да имаат завршен втор циклус на студии вториот циклус да биде компатибилен (соодветен) со профилот на докторските студии за кандидатите од сродна научна област универзитетот / факултетот / програмата утврдуваат дополнителни услови за запишување
2. Академски тела За спроведување на студиска програма од трет циклус на студии – докторски студии во Универзитетот се формираат академски тела на две нивоа и тоа: Совет на докторски студии на ниво на универзитет Совет на докторски студии на ниво на единица на универзитет
Советот на докторски студии на ниво на универзитет го сочинуваат: (1) раководителите на докторските студии на Единиците на универзитетот (2) надлежниот-те проректор-ри (3) тројца членови од различни научни области кои што на предлог на Ректорот од редот на редовните професори ги бира Сенатот на универзитетот со мандат од 3 или 4 години. Мандатот на останатите членови на Советот на докторските студии на универзитетот трае согласно со вршењето на нивните функции. Со Советот председава проректорот за настава.
Советот на докторски студии на ниво на единица на универзитетот го сочинуваат: 5 професори од единицата на универзитетот кои ги избира ННС 2 професори од редот на професорите од соодветна научна област од универзитетот кои на предлог на ННС ги избира Советот на докторски студии на универзитетот. Раководителот и секретарот на докторските студии на единицата на универзитетот кои ги избира ННС за период од три години Мандатот на членовите на Советот трае три години претседава Раководителот.
3.Административна логистика Административната поддршка на докторските студии и академските единици ќе ја извршуваат служби и тоа: На ниво на Универзитет На ниво на единица на универзитет
4.Структура на докторските студии Докторските студии можат да бидат само академски. Докторските студии се состојат од две фази: Фаза на обука за истражување Фаза на изработка на докторска дисертација
Прва фаза обука за истражува ње Втора фаза докторска дисертациј а предмети (задолжителни и изборни), докторски семинари мал пишан труд (пилот истражувачки труд) Еден труд – рецензиран и објавен подготовка на тези - оригинално истражување на кандидатот пријавување на тези и нивна одбрана работа на дисертацијата јавна одбрана на дисертацијата
Со запишувањето на докторските студии кандидатот се стекнува со статус на студент на докторски студии Со завршувањето на првата фаза, односно по изработката и позитивната оценка на трудот студентот се стекнува со статус на кандидат за докторат на науки (PhD кандидат)
5. Процедура и надлежности Прва фаза: Прва година: Наставни предмети и/или семинари I семестар – наставни предмети и /или семинари Задолжителни Методологија на истражување во општествените науки Општ предмет од научната област на докторската програма
II семестар - наставни предмети и /или семинари Изборни предмети – избор на 3 предмети од понудени 5 од научната област Семинар –методи на истражување во специјализираната област Семинар за вештини за пишување научен труд Втора година Мал пишан труд –пилот истражувачки труд околу 20 страници, на актуелна проблематика во областа и оценет од ментор.
Втора фаза: Втора и трета година: Пријавување, изработка и одбрана на докторска дисертација Целта на докторската дисертација е авторот да даде придонес преку оригинално истажување што ги проширува границите на знаењето
пријавување на тези и нивна одбрана Одлука за подобност на тема, тези и кандидат носи Советот на докторски студии на ниво на единица на универзитет Тезите на докторската дисертација ги одобрува и се бранат пред Комисија од три члена и сите припаѓаат на научната област. Притоа: еден член од факултетот (ментор), еден од универзитетот и еден од друг универзитет (национален или меѓународен)
Менторство се организира преку два ментора: интерен и екстерен, при што интерниот е од единицата кадешто е организирана судиската програма, а екстерниот од универзитетот каде е членка единицата или пак од друг универзитет
докторска дисертација и нејзина изработка докторската дисертација треба да биде во рамките на 200 – 300 страници Во текот на втората фаза – фазата на докторска дисертација кандидатот е должен до Менторите два пати годишно да поднесува извештај за постигнатиот напредок.
Дисертацијата ја оценува Комисија составена од 5 члена и тоа: интерниот ментор, двајца професори од единицата на универзитетот и два члена од универзитетот или друг универзитет. Извештајот за оценката на предлог на Советот на докторски на единицата го усвојува ННС на единицата. Извештајот се доставува и до Советот на докторски студии на универзитетот и истиот се објавува во Билтенот на универзитетот.
јавна одбрана на дисертацијата Одбраната на докторската дисертација е јавна и се врши во просториите на единицата на универзитетот каде е организирана студиската програма јавната одбрана пред комисија од пет члена која што по правило е во истиот состав како и комисијата за оценка. Одлуката за составот се носи на истата седница на која што ННС се изјаснува за извештајот за оценка.
Резултатите од докторската дисертација се изложуваат во вид на дисеминација на ниво на Универзитет Резултатите од докторската дисертација се објавуваат во научното списание на универзитетот како и во најмалку уште едно научно списание најдоцна една година после одбраната на дисертацијата.
6. Распоредување на ЕКТС За предметите/семинарите во првиот семестар се доделуваат вкупно 30 кредити За предметите/семинарите и изработениот труд во вториот семестар и се доделуваат вкупно 60 кредити За фазата на докторска дисертација се доделуваат 90 кредити
7. Јазик на докторските студии Јазикот на кој ќе се изведува наставата, семинарите, полагаат испитите, пишуваат текстовите е македонски/албански, а за определени делови –англиски. Докторската дисертација мора да биде пишувана на македонски/албански јазик Советот на докторски студии на ниво на Универзитет/единица на Универзитет одлучува за деловите што можат да бидат реализирани на англиски јазик.
8. Финансирање на докторските студии Кандидатите за докторски студии ги покриваат трошоците за студирање на следниве начини: Самостојно Преку вклучување во наставно- образовниот процес (вежби) Со користење стипендии од државата Со користење стипендии од меѓународни фондови