Цивикус - Индекс на граѓанското општество (ИГО) Меѓународен акциско - истражувачки проект координиран од Цивикус: Светската алијанса за граѓанско учество Основни информации и методологија
Индекс на граѓанското општество Акциско - истражувачки проект, кој ја проценува состојбата на граѓанското општество во земјите низ светот; На меѓународно ниво координиран од ЦИВИКУС - Светска алијанса за граѓанско учество; Во Република Македонија координиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС),
Индекс на граѓанското општество Општи цели: да се зајакне одржливоста на граѓанското општество и да се промовира и зајакне неговиот придонес кон позитивните општествени промени. Цели на истражувањето: Да собере и сподели корисни и релевантни информации за состојбата на граѓанското општество; Да ги зголеми капацитетот и посветеноста на учесниците во зајакнувањето на граѓанското општество;
Индекс на граѓанското општество Пристап Структура: Кој е внатрешниот изглед на граѓанско општество? Колку големо, активно и претставително е граѓанското општество во смисла на поединци и организации? Околина (опкружување): Која е политичката, социо- економската, културната и правната околина во која граѓанско општество постои? Дали овие фактори го овозможуваат или отежнуваат постоењето на граѓанското општество? Вредности: Дали граѓанското општество ги промовира и применува позитивните општествени вредности? Влијание: Кое е влијанието на граѓанско општество? Дали граѓанско општество е ефективно во решавањето на социјалните, економските и политичките проблеми, и дали работи за заедничко добро?
Индекс на граѓанското општество Дијамант на граѓанското општество Визуелно ја претставува состојбата на граѓанско општество; Резултат на оценувањето на показателите, односно поддимензиите и димензиите
Индекс на граѓанското општество Показатели (74) Поддимензии (25) Димензии (4) Дијамант
Индекс на граѓанското општество 1. Структура : вкупната големина, јачина и активно учество на граѓанското општество во однос на човечки, на организациски и на економски прашања Широчина на граѓанското учество: Колку распространето е учеството на граѓаните во граѓанското општество? Колкав процент граѓани учествуваат во активности на граѓанското општество? Непристрасни политички активности: Колкав процент од луѓето имаат преземено некаква форма на непристрасно политичко дејствување (на пр., напишано писмо до весник, се потпишале на петиција, присуствувале на демонстрација)? Незначително малцинство (под 10%)Оценка 0 Малцинство (10% - 30%)Оценка 1 Значителен процент (31% - 65%)Оценка 2 Големо мнозинство (над 65%)Оценка 3
Индекс на граѓанското општество Структура Национален индекс тим – составен од 10 познавачи и практичари на граѓанското општество. Национална советодавна група – составена од 20 членови кои го претставуваа граѓанското општество, државата, деловниот сектор, медиумите, науката и меѓународните организации/институции.
Индекс на граѓанското општество Истражувачки методи: Преглед на постоечки информации; Регионални советувања; Примерок на заедницата - Истражување на јавното мислење; Преглед на медиумите; и, Прикази на случај.
Индекс на граѓанското општество Во македонската јавност и во стручните кругови не постои взаемно разбирање на концептот (дефиницијата) на граѓанското општество; НСГ се среќаваше двапати за да се постигне согласност околу концептот на граѓанско општество, кој ќе биде користен во ИГО.
Индекс на граѓанското општество сите формални и неформални граѓански здруженија, организации и мрежи кои го исполнуваат општествениот простор меѓу семејството, деловниот сектор, политичките партии и владиниот сектор, а кои се здружуваат заради остварување заеднички цели и интереси Усогласена дефиниција
Индекс на граѓанското општество Верски заедници Демократија, човекови права и владеење на правото Деца, млади и студенти Донаторски организации Етнички заедници Жени и родови прашања Животна средина и природа Здравје и здравство Информации Култура и уметност Лица со посебни потреби Меѓународни организации Ненасилство и толеранција Образование и наука Развој на граѓанското општество Родољубни Рурален развој Синдикати Социјална грижа (хуманитарни) Спорт, хоби и рекреација Стари лица Струкови здруженија Финансиски услуги Други Усогласени категории
Индекс на граѓанското општество Продукти Сеопфатен извештај за состојбата на граѓанското општество во земјата; Листа на заклучоци и препораки развиени и прифатени од широк круг на личности од сите сектори на општеството; Истражувачки извештај за мислењето на граѓаните за граѓанското општество; Истражувачки извештај за присутноста на граѓанското општество во медиумите; Извештај за општествената одговорност на десетте најпрофитабилни претпријатија во Македонија; Советувања, работилница, состаноци со повеќе од 160 чинители на општеството на кои се дискутираше за состојбата со граѓанското општество во земјата.